Хамилтон стартува од пол-позиција на канадското Гранд-при

Од:

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада.

Возачот на Мерцедес ја освои 65-та пол позиција во кариерата со што се израмни на вечната листа со легендарниот Аиртон Сена, а лидер на оваа листа е Михаел Шумахер со 68 први стартни места во кариерата.

Луис Хамилтон доминираше во квалификациите, беше убедлив во однос на конкуренцијата, а своето најбрзо време го постигна во последниот круг 1:11.459 минути. Веднаш зад Хамилтон во првиот стартен ред ќе биде лидерот во Генералниот пласман Себастијан Фетел, кој имаше 0.330 секунди послабо време од Британецот.

И во вториот ред ќе бидет возаќите на Мерцедес и Ферари и тоа Валтери Ботас пред Кими Раиконен.

Третиот ред го резервираа пилотите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.

Трката за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, ќе стартува во 20 часот по македонско европско време.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин