Хамилтон: Сакам да бидам подобар следната година

Од:

Луис Хамилтон пред два дена ја обезбеди својата четврта титула светски шампион во Формула 1. Тој на две трки пред крајот на сезоната, веќе размислува за идната година.

– Сакам да бидам подобар следната година. Сигурно дека предизвикот од тимовите на Ферари и на Ред Бул ќе биде поголем. Формула 1 не спие и секогаш има некој кој чека да ја заземе мојата позиција. Чувствувам дека Макс Верстапен ќе биде мојот најголем ривал, така што ќе морам да го подигнам нивото за да останам на врвот. Значи веќе ја имам потребната мотивација за следната сезона, изјави возачот на Мерцедес.

Британецот упати низа комплименти кон младиот Холанѓанец кој веќе има два триумфа оваа сезона во Ф1.

– Сигурно Макс има потенцијал за шампион и како ќе поминува времето, ќе станува подобар. Во моментов има многу сурова талент и има долг пат, но победите му се неверојатни и искуството што го собира му ги зголемува можностите, нагласи Хамилтон.

32-годишниот шампион дополни дека воопшто не планира наскоро да се повлече од Формула 1.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин