Хамилтон: Никогаш не се откажувам

Од:

Британецот Луис Хамилтон кој синоќа ја обезбеди четвртата титула светски шампион во Формула 1, рече дека секогаш се бори до крај без разлика какви и да се пречките.

– Никогаш не се откажувам и се обидувам да стигнам до целта без разлика на предизвиците кои ќе ми се најдат на патот. Така беше и во Мексико. По добриот старт, следуваше контактот и морав во боксот. Никој не сака ваква трка со заостанување од 40 секунди уште на стартот. Но јас сум борец и тоа е за мене многу важно, рече возачот на Мерцедес.

Хамилтон трката за Големата награда на Мексико ја заврши на деветтата позиција, доволно за шампионски трофеј, со оглед на четвртото место на Себастијан Фетел. На две трки пред крајот на шампионатот предноста на британскиот пилот е недостижна за конкурентите.

-Благодарност за поддршката и одличната атмосфера што ја направија мексиканските навивачи. Тие се најдобри во светот, нагласи Хамилтон.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин