Хамилтон: Не верував дека некој ќе се приближи до Шумахер, особено не јас

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се заблагодари на честитките од возачот на Формула 2, Мик Шумахер, за повторување на рекордот по број на победи на неговиот татко Михаел Шумахер.

– Не знам што да кажам. Како што растете гледајќи некој друг како се трка, тој обично станува ваш идол во однос на перормансите и резултатите, трка по трка, година по година, недела по недела. Се сеќавам на долгата доминација на Михаел. Не мислев дека некој ќе може да се приближи до резултатите на легендарниот Германец, особено јас. Ова е неверојатна чест и ќе ми треба малку време да се навикнам. Сфатив сè само кога возев во боксот – дури и немав таква мисла во главата кога ја преминав целта. Јас не би го постигнал ова без мојот неверојатен тим. Голема благодарност и голема почит до Михаел, изјави Хамилтон.

Британецот денес во Нирбург ја забележа 91. победа исто колку што има и Михаел Шумахер додека беше на Ф1 патеките.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ