Хамилтон му се приближи на Верстапен со триумфот во Катар

Од:

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон победи вечерва на трката за Големата награда на Катар и со тоа го намали заостанување зад водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен, на осум бодови спроти завршните две трки во оваа сезона.

Триумфот на патеката Лосаил на Британецот Хамилтон (Мерцедес) му ја донесе 102. победа во кариерата и вкупно седма оваа сезона.

Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, која ја зачува со сигурно возење во текот на целата трка.

Верстапен, кој поради казна трката место од втората ја почна од петтата позиција, заврши зад Хамилтон, а трет беше Фернандо Алонсо, кој се искачи на подиумот за прв пат од 2014 година.

До крајот на сезоната преостануваат уште две трки, а претпоследната е на програмата за две недели со премиерата во Саудиска Арабија на патеката во Абу Даби.

Верстапен води во генералниот пласман со 351.5 бодови, додека Хамилтон е втор со 343.5 бодови.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин