Хамилтон ја обезбеди 70. пол-позиција

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Малезија. Британецот по 70. пат успева да биде најбрз во квалификациите.

Веднаш до Хамилтон во првиот ред ќе биде Кими Раиконен од Ферари.

Другиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, утрешната трка ќе ја почне од последно стартно место. Тој поради проблеми со болидот на денешните квалификации остана без пласман.

Од вториот стартен ред ќе тргнат возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.

Во првите 10 се пласираа уште и Валтери Ботас (Мерцедес), Естебан Окон (Форс Индија), Штофен Вандорн (Мекларен), Нико Хулкенберг (Рено), Серхио Перез (Форс Индија) и Фернандо Алонсо (Мекларен).

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин