Хамилтон и Ботас за „еден-два“ победа на Мерцедес во Монца

Од:

Луис Хамилтон и Валтери Ботас остварија „еден-два“ победа за тимот на Мерцедес на денесшната 13-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се возеше за Големата награда на Италија.

Британецот, Хамилтон ја искористи пол-позицијата и во текот на целата трка, која се возеше на патеката во Монца, не го препушти првото место.

Зад Хамилтон трката ја заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, а место на пиедесталот имаше и за Себастијан Фетел од Ферари иако трката ја започна од осмата стартна позиција.

Со оваа победа, шеста сезонава, сега Хамилтон го превзеде лидерското место во Генералниот пласман со 238 поени, три повеќе од Себастијан Фетел (235 поени).

По нив следуваат: Валтери Ботас со 197, Даниел Рикјардо 144 и Кими Раиконен 138 бодови.

Следна 14-та трка во Формула 1 шампионатот е закажана за 17 септември, а ќе се вози на патаката „Марина Беј“ за Големата награда на Сингапур.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин