Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес е првиот под чие водство една екипа стигнала до 11 победи во низа во фудбалската Лига на шампиони.
Баерн синоќа го совлада Бешикташ со резултат од 3:1 во реванш осминафиналето по што 72-годишниот Хајнкес стана тренер – рекордер во елитното натпреварување.
Претходно, ниту еден од тренерите нема таква долга победничка серијаа во Лигата на шампионите.
Во минатото, двајца тренери освоија десет последователни победи. Луис ван Гал со Барселона во 2000 и со Баерн во 2009, како и Карло Анчелоти со Реал Мадрид сезоната 2014/15.
Победничката серија на Хејнкс започна во сезоната 2012/13, кога Баерн Минхен освои пет натпревари по ред. Во октомври 2017 година, тој се врати во Минхен, заменувајќи го Анчелоти. Оттогаш Баварците имаат шест последователни успеси во шампионската лига на УЕФА.