Првиот осминафинален натпревар меѓу Шахтјор и Баерн одигран синоќа на Л‘вов Арена заврши без победник – 0:0. Според ова за пласман во следната фаза на „баварците“ само победа им е изборот, а тоа го знае и нивниот тренер Пеп Гвардиола.
– Долг период игравме со играч помалку (исклучен Алонсо 65.минута) што ни беше проблем. Имавме контрола над натпреварот, но создадовме мал број шанси. Секогаш е добро кога ќе постигнеш гол на гости, а ние сега мораме да победиме и се надевам дека ќе успееме, изјави по дуелот Гвардиола.
Реванш натпреварот меѓу Баерн и Шахтјор се игра на 11 март на „Алијанц Арена“ во Минхен.