Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека не може да замисли да премине во друг тим во Англија. Шпанскиот стратег ја освои титулата на Премиер лигата со „граѓаните“ минатата сезона на импресивен начин и ќе продолжи да ги забавува навивачите на клубот со спектакуларен фудбал.
– Ќе останам навивач на Манчестер Сити до крајот на мојот живот. Нема да биде можно да водам друг тим во Англија затоа што тука се чувствувам многу сакан, изјави тој за Би-Би-Си Радио 5.
Манчестер Сити вчера го победи Шахтјор Доњецк со 3:0 во мечод ЛШ, но во следното коло во Премиер лигата има тешко гостување на „Вембли“ против Тотенхем во понеделник вечер.