Гвардиола: Лошото второ полувреме не чини два бода

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола по нерешените 1:1 со Аталанта синоќа во во 4. коло од Лигата на шампионите, нагласи дека тимот играл полошо во второто полувреме отколку во првото.

– Фудбалот е емоција. Ако само го постигнавме вториот гол пред крајот на првото полувреме … По паузата, игравме лошо, многу полошо отколку во првото полувреме. Ова понекогаш се случува. Сепак, се спротивставивме на најефикасниот тим во Италија. Во ЛШ треба да ги искористите вашите шанси. Сепак на крајот поминавме добро. Прашајте кој било италијански тим како е да играте против Аталанта, посочи Гвардиола.

Манчестер сити останува лидер во Ц-групата со 10 бода, Шахтар и Динамо Загреб имаат по пет, Аталанта е поселдна со еден бод.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска