Гвардиола ќе добие 150 милиони фунти за засилувања летово

Од:

Управата на Манчестер Сити ќе му обезбеди на својот менаџер Пеп Гвардиола 150 милиони фунти за зајакнување на тимот за време на летниот преоден рок, пренесува „Гардијан“. Како што е познато, вчера Спортскиот арбитражен суд ја укина двегодишната казна на „граѓаните“ за учество во Лигата на шампионите. Покрај тоа, судот во Лозана ја намали казната од 30 милиони евра на 10 милиони.

Поради овие два фактора, англискиот гигант ќе има повеќе можности да привлече играчи од висока класа. Меѓу големите цели на Гвардиола се централен и лев дефанзивец. Шпанскиот менаџер може да ангажира и нов напаѓач, поради можноста Серхио Агуеро да замине следното лето по истекот на неговиот договор.

Меѓу играчите на мета на Гвардиола се левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба и централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали.

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли