Многу замерки кон своите фудбалери имаше предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по поразот од Базел синоќа на домашен терен во реванш – осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите.
– Среќни сме што сме во четвртфиналето, многу среќни. Од реваншот само пласманот во следната фаза е позитивен момент, додека другото беше мизерија. Посебно бевме лоши во второто полувреме кога дури и заборавивме да додаваме, изјави Гвардиола.
Тој, исто така, се осврна и на следните предизвици.
– Четвртфиналето е друга приказна. Многу е тешко и на подруго ниво. Мораме добро да се подготвиме како што го направивме тоа во некои од претходните натпревари.
Манчестер Сити на „Етихад“ загуби од Базел со 2:1, но поради победата во првиот натпревар од 4:0, оди во следната фаза.