Поранешниот тренер на Барселона, Јосеп Гвардиола користел услуги на детективска агенција додека работел во каталонскиот клуб, информираат медиумите во Шпанија.
Гвардиола наводно Add Newразговарал со детективи кои требале да го шпионираат приватниот живот на фудбалерите, а посебно тоа се однесувало на нивниот ноќен живот. Детективите требале да ги следат и нивните секојдневни ритуали.
Екс тренерот на Барселона не сакал да дава коментар околу овие шпеклуации. Но, треба да се земе в предвид дека некои играчи на Барселона, во периодот додека нивни предводник беше Гвардиола, изјавуваа дека биле следени од непознати лица.