Грожан казнет за несреќата во Барселона

Од:

Пилотот на Хас, Ромен Грожан ќе истрпи казна од три места на стартната линија за Гран При на Монако на крајот на месецот поради несреќата што ја предизвика уште во првиот круг на трката во Шпанија. Стјуардите исто така му дадоа на Французинот два казнени бода.

Грожан се заврти на третиот свиок на патеката во Барселона и создаде облак од прашина, излегувајќи надвор од контурите, а Нико Хулкенберг од Рено и Пјер Гасли од Торо Росо не успеаја да го избегнат и исто ставија крај на учеството уште во почетокот на трката.

– Нема многу што да се каже за ситуацијата. Изгубив контрола на задниот дел и се свртев. Ако се погледнат снимките, ќе видите дека избегнував евентуален контакт со мојот тимски колега, изјави Грожан по повод инцидентот на патеката „Каталонија“.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин