Францускиот напаѓач Антоан Гризман беше двоен стрелец на натпреварот од Лига на нации против Германија (2:1) одигран синоќа во Париз. Со овие два гола Гризман влезе во првите десет стрелци во историјата на „триколорите“.
Сега фудбалерот на Атлетико Мадрид има 26 погодоци во репрезентативниот дрес.
Најдобар на листата стрелци е Тиери Анри кој има дадено 51 гол додека настапуваше за Франција.