Гризман ја сака „седумката“ во Барселона

Од:

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман призна дека сака да го промени бројот на својот дрес. Французинот, кој се приклучи на каталонскиот клуб минатото лето, игра со бројот 17, додека во Атлетико Мадрид го носеше бројот 7, исто како и во репрезентацијата.

– Јас би сакал да ја вратам „7“. Карантинот оди добро, но нема што да се прави. Навистина ми недостасува фудбал. Немам идеја кога натпреварите ќе продолжат, изјави Гризман.

За потсетување, минатото лето, дресот со бројот 7 во Барселона беше зафатен од Филипе Кутињо. Подоцна, Бразилецот замина на заем во Баерн Минхен.

Би можело да ве интересира

Тер Штеген бара 10 милиони евра годишно од Барселона

Ана Ололовска

Марсело: Сите со нетрпение го чекаме првиот натпревар по паузата

Ана Ололовска

Реал стана најскапиот клуб во Европа

Ана Ололовска

Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

Ана Ололовска

Реал Мадрид веќе нема да објавува продолжување на договорите со играчите

Ана Ололовска

Бејл: Не разбирам зошто нашите навивачи не исвиркуваат

Ана Ололовска