Гризман: Ако Бекам ме повика ќе заминам во Мајами

Од:

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, изјави дека во иднина ако добие понуда од легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе прифати да настапува за неговиот клуб во Мајами.

Бекам неодамна основаше нов клуб под името Интер Мајами, кој во американската МЛС лига ќе се натпреварува од 2020 година.

И претходно во повеќе наврати 27-годишниот Гризман истакнуваше дека сака кариерата да ја заврши во САД.

– Ако Бекам ме повика во неговиот клуб, јас ќе заминам таму. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Сега не занам точно дали тоа ќе биде во Мајами или во Лос Анџелес. И двата града се одлични. Ми се допаѓаат американскиот менталитет и култура, истакна Гризман.

Фудбалерот на Атлетико наскоро нема да замине за САД, бидејќи има договор со клубот од Мадрид со важност до 2023 година.

Во меѓувреме Гризман може да се пресели и во Барселона, бидејќи во последниот период се почести се гласините за негов трансфер во каталонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска