Грег Дајк : Извештајот на ФИФА е „смешен“

Од:

Претседателот на англиската фудбалска федерација (ФА), Грег Дајк изјави дека извештајот за корупција, на Комитетот за етика на ФИФА е „еднставно смешен“ и дека таков каков што е, нема никаква смисла.

Според Дајк, заклучоците на ФИФА, во кои се вели дека нема ништо незаконско и против правилата на Светската фудбалска асоцијација, во кандидатурите на Русија и на Катар, за светските првенства во 2018 и 2022 година, сериозно го поткопуваат целиот процес.

Извештајот на Комитетот за етика, што го изготви и вчера го презентираше германскиот судија Ханс Јоаким Екерт, е направен врз основа на двегодишната истрага и наодите на американскиот адвокат Мајкл Гарсија.

Во 2010 година, ФИФА го ангажираше овој адвокат за да ги испита сомнежите за „корупцијата“ во светската фудбалска организација, што по последното гласање за избор на домаќин за наредните две СП, ги изнесоа десетина земји членки.

Само четири часа, по презентирањето на извешатојот на Комитетит за етика, остро реагираше Гарсија кој ги отфрли заклучоците на Екерт, оценувајќи ги како „погрешни и неточни“.

– Ако човекот што ја спроведе истрагата (Мајкл Гарсија) вели дека судијата- известител, соодветно не ја одразил неговата истрага, односно дека интерпретацијата на наодите не е фер, тогаш станува збор за серизна ситуација во која се наоѓа ФИФА, бидејќи целиот процес е доведен во прашање -изјави во Лондон Дајк.

Англиската ФА е најостриот критичар на состојбите во ФИФА и единствената асоцијација која заговара смена на претседателот Сеп Блатер, тврдејќи дека „куќата на фудблот“ во Цирих е зафатена со корупција.

Јавните обвинувања се појавија по неуспехот на ФА да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година. Лондонките медиуми веднаш потоа изразија сомнежи во изборот на Русија, оценувајќи го како „политички“ и „купен“ од Москва и отворено зборуваа за „корупција“ кога стана јасно дека Катар, мала но богата со нафта земја во Персискиот залив, без никаква фудбалска традиција, ќе биде домаќин на СП во 2022 година. Медиумите во Лондон, но и некои британски политичари отворено зборуваа за потребата од службена истрага за откривање и разобличување на корупцијата во врвот на светскиот фудбал.

Реакцијата на Грег Дајк доаѓа и по наодите на Етичкиот комитет на ФИФА, во кои се обвинува англиската фудбалска асоцијација дека при својата кандидатура за СП 2018 година,се обидувала да ја добие наклонетоста од тогашнит потпретседател на ФИФА, Џек Ворнер (од Тринидад и Тобаго) кој подоцна беше сменет од функцијата поради примање поткуп.

Дајк кој е поранешен директор на Би-Би-Си, сега вели дека немало ништо неправилно во однесувањето на ФА.

– Не мислам дека предлогот на Англија, за кандидат за домаќин на СП, треба да се соочи со било какви дисциплински мерки, рече претседателот на ФА, Грег Дајк.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА