Гранада го претрпе четвртиот пораз во низа

Од:

Фудбалерите на Гранада ја продолжија лошата резултатска серија откако синоќа загубија од Рајо Ваљекано на домашен терен со гол примен во последните моменти од натпреварот.

Стрелец на победничкиот гол беше Манучо Гонхалвес во третата минута од судиското надополнување.

Ова беше првиот натпревар од 8. коло во шпанската Примера Дивизија.

По четири натпревари од оваа рунда се играат денеска и утре. Саботната програма ја сочинуваат Леванте – Реал Мадрид, Атлетик Билбао – Селта, Барселона – Еибар и Кордоба – Малага.

Паровите за утре се: Атлетико Мадрид – Еспањол, Депортиво Ла Коруња – Валенсија, Елче – Севиља и Виљареал – Алерија.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот Сосиедад – Хетафе.

Табела: Барселона 19 бодови, Валенсија 17, Севиља 16, Реал Мадрид 15, Атлетико Мадрид 14,… 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска