Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт, синоќа постави сезонски рекорд во Лигата на шампионите откако одбрани десет удари на фудбалерите на Барселона.
За своето издание англискиот репрезентативен голман доби честитки и од напаѓачкото трио на Каталонците Меси-Нејмар-Суарез.
-Мојата работа е да го чувам мојот гол и тоа го правев. И покрај многуте одбрани загубивме. Иако поразот во оваа пресметка е од голем тим како Барселона, сепак ние сме разочарани што сме елиминирани, изјави Харт.
Манчестер Сити во реваншот загуби од Барселона со 1:0, и со вкупни 1:3 е елиминиран уште по осминафиналето од елитното натпреварување.