Големо признание за Елмас, Би-би-си го вброи меѓу 20 нови европски ѕвезди

Од:

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на листа од 20 најталентирани европски фудбалери пред кои е блескава професионална кариера, која ја објави британскиот јавен сервис Би-би-си.

– Со две успешни сезони зад себе во дресот на Наполи и над 200 натпревари во сениорска конкуренција, ЕУРО2020 може да биде сцена за уште повисоко реноме за „македонскиот дијамант“, се наведува во статијата.

Дваесетиедногодишниот Елмас дебитираше за македонската репрезентација во јуни 2017 година и оттогаш е незаменлив во националниот тим, постигнувајќи седум голови на 27 натпревари.

Во друштво на Елмас во изборот на Би-Би-Си се Џереми Доку (Белгија), Џордан Ларсон (Шведска), Адам Хложек (Чешка), Беќир Омерагиќ (Швајцарија), Рајан Гравенберх (Холандија), Оркан Кокчу (Турција), Александер Исак (Шведска), Алекс Крал (Чешка), Нуно Мендеш (Португалија), Џамал Мусиала (Германија), Саша Калајџиќ (Австрија), Халил Дервишоглу (Турција), Кристоф Баумгартнер (Австрија), Томас Суслов (Словачка), Камил Пјатковски (Полска), Јоско Гвардиол (Хрватска), Они Валакари (Финска) и Педри (Шпанија).

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Елмас и Наполи на стартот против Ливерпул, ПСЖ го чека Јуве, Баерн му гостува на Интер

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Елмас втор пат прележа коронавирус

Ана Ололовска

Елмас втор пат позитивен на коронавирус

Ана Ололовска