Големите клубови сакаат радикални промени во Лигата на шампионите

Од:

Претставниците на најголемите клубови во Европа ќе се сретнат утре со лидерите на УЕФА за да разговараат за можните промени во форматот на Лигата на шампионите.

Состанокот, кој ќе се одржи во Нион, ќе биде неофицијален.

Се претпоставува дека клубовите сакаат да наметнат нов модел, кој ќе вклучува создавање на супергрупи, во кои ќе има тимови кои ќе отпаѓаат и такви, кои ќе се борат за промоција. Ова дополнително ќе го ограничи пристапот на малите клубови до најпрестижниот клупски турнир во Европа.

Исто така, ќе се дискутира за можниот пренос на натпревари од турнирот за време на викендот, како и за спроведување на финалињата на стадиони, надвор од Европа. Ова дополнително ќе ги зголеми приходите на големите тимови од ТВ-права.

Сите овие промени може да се воведат едвај по 2024 година, бидејќи постои согласност дека до тогаш форматот на Лигата на шампионите не може да се менува.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска