„Го почувствував пулсот, а потоа почнавме да го губиме“, лекарот на данската репрезентација опиша како изгледаше спасувањето на животот на Кристијан Ериксен

Од:

„Не видов кога падна. Само ни рекоа дека нешто се случува, да истрчаме брзо на теренот и да помогнеме. Кога се приближив, го видов Кристијан Ериксен како лежи на тревата, без свест. Едвај дишеше… Прво го почувствував неговиот пулс, а потоа сликата се смени… Потоа почнавме да го губиме…“

Вака лекарот на данската репрезентација, Мортен Бусен, го опиша драматичното спасување на животот на Кристијан Ериксен, кој се сруши на теренот, вчера во 41. минута од натпреварот против Финска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген на ЕУРО 2020.

„Не го видов моментот на падот и затоа немав претстава што навистина се случи со него. Тој имаше пулс на почетокот, а потоа сликата почна да се менува на полошо… Почнавме реанимација. Имаше лекар и од стадионот, целиот тим, работевме заедно… И успеавме да го вратиме Кристијан во живот. Тоа беше одлична тимска работа“, додаде тој.

Бусен успеал да стапи во контакт со Ериксен, веднаш штом се освестил.

„Разговаравме кратко, видов дека е подобар. После тоа, го одведовме во болница, каде што целосно се врати на себе“, ја опиша Бусен драмата во Копенхаген.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on