Ѓуровски ја обвини ФФМ за немање визија

Од:

Сега веќе поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски во реакцијата по неговата смена со критики кон ФФМ за како што вели, немање јасна визија за репрезентацијата.

– Најостро ги одбивам нападите кон мене како главен виновник за резултатите на репрезентацијата. Немајќи доволно самокритичност и храброст да се согледаат проблемите на фудбалот во нивната суштина, не сум изненаден од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, Управниот одбор на ФФМ и дел од јавноста, што не ја препознаа мојата идеја…!? (друг пат за тоа). Со оваа постапка за раскинување на договорот, се покажа дека ФФМ нема јасна визија за “А” РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА во иднина…!? Да ги донесеме  Анчелоти и Мурињо заедно, мислам дека не можат да направат ништо за краток временски период, реагира Ѓуровски, истовремено заблагодарувајќи се за досегашната доверба, а посебно на стручниот штаб и на фудбалерите за извонредната соработка.

Управвниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија вчера донесе одлука за прекинување на соработката со селекторот Бошко Ѓуровски, поради како што беше наведено неисполнети очекувања и серија слаби резултати.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска