Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од денеска го има најдобриот ранкинг во кариерата.
На најновата ВТА ранг листа Ѓорческа сега е рангирана на 181-то место.
Досега најдобар пласман на Ѓорческа и беше 182-то, кое го обезбеди со одличниот настап на турнирот во Тунис пред десетина дена каде играше во финалето.
Иако минатата седмица Ѓорческа немаше настап сепак и во игра во двојки таа бележи напредок од две позиции, па митатонеделниот пласман од 134-тата позиција сега ја замени со 132-место.
Инаку, и натаму лидер на ВТА листата е Американката, Серена Вилијамс, а зад неа во „ТОП 5’’се: Анџелика Кербер,Каролина Плишкова, Габрине Мугуруза која напредуваше две позиции и Доминика Цибулкова.