Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во конкуренција на двојки на ВТА турнирот во Биел Швајцарија што се игра за награден фонд од 250.000 долари.
Македонката заедно со руската тенисерка Анастасија Комардина ја минаа првата прека откако нивните ривалки четвртите носителки Елис Мертенс и Хетер Вотсон го предадоа мечот.
Противничките на македонско-рускиот пар ќе бидат познати вечерва, а потенцијална ривалка им е поранешната најдобра светска тенисерка Мартина Хингис од Швајцарија.