Ѓоковиќ го откажа тренингот пред полуфиналето во Париз

Од:

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, реши да го прескокне денешниот тренинг, ден пред полуфиналната пресметка со Стефанос Циципас на Ролан Гарос.

Фактот што Новак реши да го откаже тренингот, во договор со стручниот штаб, е само потврда дека тој сè уште страда од повредата што му направи проблеми во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција против Пабло Карењо Буста.

Шпанецот по мечот изјави дека кога и да почне да губи, Србинот се жали на повредата.

Но се чини дека неговите сомневања биле неоправдани, бидејќи Ѓоковиќ е навистина повреден – во вратот, лактот, раката, а исто така имаше проблем и со грбот.

Откажувањето на тренингот од Новак може да се класифицира и како „време за купување“ за терапии, кои му се полесни од тренинзите, со цел подобро да се подготви за дуелот против жилавиот Грк.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Предраг Петровиќ

Украинската тенисерка исвиркана: Треба да се срамат

Надал нема да игра на Ролан Гарос, испаѓа од Топ 100, тврдат шпанските медиуми

Ана Ололовска