Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првиот трофеј во 2017 година, откако вечерва го освои „Катар Опен“.
Вториот светски рекет беше подобар во Доха од во моментов најдобриот планетарен тенисер Енди Мареј (Велика Британија) во меч кој траеше речиси три часа.
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5, а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.
За Ѓоковиќ ова беше 67. АТП трофеј, воедно и 25. победа во 36. меѓусебен дуел со Мареј.