Германско-шпански пресметки во полуфиналето од Лигата на шампионите

Од:

Во полуфиналето од фудбалската лига на шампионите ќе играат Баерн Минхен – Барселона и Борусија Дортмунд – Реал Мадрид.

Ове е епилогот по денешната жрепка одржана во швајцарскиот град Нион каде се наоѓа седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Првите полуфинални средби се закажани за 23 и 24 април, додека реваншите ќе се играат на 30 април и на 1 мај.

Големото финале ќе се одигра во Лондон на „Вембли“ на 25 мај.

Претходно од страна на прославениот холандски голгетер Руд Ван Нистерлој, беа извлечени и полуфиналните двојки во Лига Европа.

Во полуфиналето на ЛЕ ќе играат: Фенербахче – Бенфика и Базел Челзи.

Првите натпревари од полуфиналната фаза во ЛЕ ќе се играат на 25 април, а реваншите се закажани за 2 мај.

Финалето на сезоната 2012/13 во второто по квалитет европско клупско фудбалско првенство ќе се одигра на 15 мај во Амстердам, Холандија.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска