Германските власти стравуваат дека постои ризик од терористички напад во Германија за време на вечерашното финале од Лигата на шампиони, на кое се среќаваат два германски тима, објави весникот „Шпигел“.
Федералната криминална полиција – располага со информација, која треба сериозно да биде сфатена, за евентуален план за атентат во Германија, тврди весникот, без да ги наведе своите извори.
Вчера на затворена седница, претседателот на федералната служба Јорг Цирке ги информирал регионалните министри за внатрешни работи за можен терористички напад во Германија.
Според истите извори, осомничени се исламисти дека подготвуваат бомбашки напад, а цели на нападот би биле јавните места каде во живо ќе се пренесува фудбалскиот натпревар, а кои се предвидени низ цела Германија.
Согласно тоа, ќе биде зајакната полициското присуство секаде, а посебно во Берлин, каде натпреварот меѓу Барен – Минхен и Борусија – Дортмунд ќе се емитува на отворено пред Берлинската порта.
Организаторите очекуваат присуство на близу 200.000 гледачи.