Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој се наоѓа во одлична форма, беше избран за број 1 за август во Ла Лига во анкетата на спонзорот „Mahou“, во која учествуваат фанови.
За двата натпревара на Реал минатиот месец, напаѓачот реализира два гола – против Хетафе и Жирона. Покрај тоа, Велшанецот постигна гол во домашниот меч против Леганес на 1 септември, а исто така беше на висина на задачата и во летните контроли. Тој, исто така, постигна гол за Велс во судирот со Република Ирска од Лигата на нациите.
По заминувањето на Кристијано Роналдо, Бејл се етаблира како стартер кај новиот тренер Хулен Лопетеги и веќе не размислува за трансфер во друг тим.