Генералниот секретар на МКФ, Моника Гавриловска назначена за член на младинската комисија на ФИБА

Од:

Моника Гаврилоска, генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе биде дел од тимот на Европската кошаркарска федерација (ФИБА Европа) кој ќе се грижи за развојот на младинската кошарка.

ФИБА Европа ги препозна професионалноста, квалитетот, несебичноста и посветеноста кон младинската кошарката на Гравриловска низ нејзините ангажмани за време на младинските шампионати кои МКФ ги организираше, па Европската куќа на кошарката одлучи Гавриловска да ја назначи за член на Младинската комисија при која се грижи и работи за развојот на младинската кошарка ширум Европа.

Ова големо признание доаѓа како потврда за посветеноста на раководните луѓе на МКФ во изминатиот период токму кон младинските категории, а осебно во проектот со селекцијата до 14 години, која е дел од регионалниот проект на ФИБА „Заедно до У16“.

Гаврилоска заедно со претседателот на МКФ, Петар Наумоски, денеска патуваат за Прага каде утре ќе биде извршена жрепката за претквалификациските групи за ФИБА Светскиот шампионат во 2019 година, во која најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ќе ги дознае своите противници.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он