Генералниот секретар на Европската ракометна федерација ја посети АМС

Од:

Во рамките на официјалната посета на Македонија, генералниот секретар на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер вчера имаше работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Двајцата соговорници, како што информираа од АМС, разговарале за развојот на ракометот и условите за практикување на овој спорт во Македонија.

Спасески го информирал Видерер за владините активности и за инвестициите во спортската инфраструктура, како и за одличниот проект за Спортската академија во ракомет, од каде се црпат голем број репрезентативци во различни возрасни категории.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт посочил дека Македонија има одлична традиција во организација на големи спортски натпреварувања, а доказ за тоа е и фактот што деновиве е домаќин на Европското женско кадетско првенство до 17 години, кое се одржува во Скопје.

– Ракометот е дефинитивно спорт број еден во нашата земја, кој со одличните настапи на македонските клубови и Националната репрезентација, се етаблира како еден од најуспешните колективни спортови во поновата македонска историја, потенцирал Спасески.

Тој го запознал Видерер со условите кои ги нудат двете спортски сали во Скопје, „Борис Трајковски” и „Јане Сандански”.

Спасески и Видерер, во присуство на генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски проследија и натпревар од тековното Европско кадетско првенство за жени до 17 години, чиј домаќин е Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска