Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одби да ја коментира можноста за трансфер на Златан Ибрахимовиќ во тимот на „росонерите“.
Гатузо изјави дека е целосно фокусиран на подобрување на формата на својот тим и освојувањето поени.
– Ќе видиме што ќе се случи со Ибрахимовиќ. Ние сепак во моментов сме сконцентрирани на нашите настапи. Нема смисла да размислуваме за трансфер сега, туку да се подобруваме со секоја измината средба, изјави Гатузо.
Милан е на петтата позиција во италијанскиот шампионат, само на бод од Лацио. Сега за тимот следат два домашни дуели – со Дуделанж во Лигата на Европа и Парма во Серија „А“.