Екипата на Реал Мадрид е новиот европски клупски шампион. Реал во финалето од Лигата на шампионите одиграно синоќа во Лисабон го совлада големиот градски ривал Атлетико со 4:1 по продолжението.
Иако, Атлетико го делеа само 120 секунди од шампионскиот трофеј сепак тоа не се случи. Со голот Диего Годин во 36-минута Атлетико поведе со 1:0, а таа предност ја имаше се до финишот од натпреварот. Сепак во третата минута од судиското дополнение Серхио Рамос ги сруши сонот на Атлетико ги израмни резултатот на 1:0.
Во продолжението од триесет минути „Кралевите„ направија и комплетен резултатски пресврт. Герет Бејл во 110-минута го постигна вториот гол за Реал за водство од 2:1. Марсело во 118-минута беше стрелец на третиот, а Кристијано Роналдо од пенал во 120-минута ги постави конечните Реал – Атлетико 4:1.
На тој начин Реал по десетти пат во својата историја, а по пауза од 12 години, ја освои титулата европски клупски првак.