Тренерот на Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека очекува многу тежок натпревар против Рома на „Олимпико“ во утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите. Украинците имаат предност од 2:1 по првиот натпревар.
– Не очекува многу тежок натпревар, бидејќи Рома е во многу подобра форма во последно време со пет победи во последните шест натпревари во италијанското првенство. На „Олимпико“ тие не дозволија гол против Челзи и Атлетико Мадрид во групната фаза на Лигата на шампионите. Тешко е да посочам еден или двајца најопасни играчи на противникот, бидејќи Рома има многу силни фудбалери, рече Фонсека.
Фонсека е на мислење дека неговиот тим треба да биде многу солиден во одбраната, за да ги издржат нападите на „волчицата“
– Мислам дека Шахтјор е подготвен да ја покаже својата игра. Ако не успееме да го направиме тоа, Рома ќе не елиминира. Мислам дека сме во добра форма. Подготвени сме физички и психички. Имаме некои проблеми со повредите, но не мислам дека тие ќе ни се одразат, додаде тој.