Фолксваген се повлече од Светскиот рели шампионат

Од:

По четирите години апсолутна доминација компанијата Фолксваген (VW) реши да ја укине програмата во Светскито рели шампионат (WRC).

Францускиот автомобилист Себастијан Ожие изминатите четири сезони освои истот толку шампионски титули во WRC, а само неколку недели по освојувањето на последната, четврта, титула VW ја донесе одлуката за повлекување.

VW заклучно со минатата сезона, покрај споменатите четири титули со Polo R, оствари 43 победи. Исто така, филијалата на оваа компанија, Audi по 18 успешни сезони реши да се повлече од Светскиот шампионат во издржливост.

Фолксваген групацијата соопшти дека Audi ќе се фокусира на Формула Е, дополнувајќи дека влијание на одлуката за повлекување имал и скандалот на брендот во врска со манипулациите во врска со податоците за издувните гасови во дизел моторите.

Инаку, Фолксваген и следната година би можел да биде присутен во WRC шампионатот, но не како официјален тим, туку благодарение на Себастијан Ожие и неговите тимски колеги Јари-Мата Латвала и Андреас Микелсен, кои веќе го имаат на располагање моделот Polo R за 2017 година.

Тие зад себе не би ја имале поддршката на компанијата, туку би морале сами да најдат извори на приходи.

Во 2017 година во Светскиот рели шампионат ќе останат четири конструктори: Citroen, M-Sport, Toyota и Hyundai. Од наредната сезона во WRC во сила ќе стапат нови технички правила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна

ВИДЕО: Ги покажа градите на релито – возачот излета од патеката

Предраг Петровиќ