Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик, ги сподели своите очекувања за финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ.
– Се надеваме дека ќе го одиграме нашиот најдобар натпревар, ќе го играме нашиот најдобар фудбал. Само ако сме во состојба да го сториме тоа, ако играме сто проценти, тогаш ќе можеме да победиме на оваа средба. Тие примија само пет гола во ЛШ, најмалку на турнирот. Ова значи дека нивната одбрана работи исто како и нивниот напад. Имаме план за натпреварот, се надевам дека можеме да го спроведеме, изјави Флик.
Финалето во елитното фудбалско натпреварување за сезоната 2019/20 е закажано за утре со почеток во 21 часот во Лисабон.