Фјури одлучи кога ќе се пензионира

Од:

Британскиот боксер Тајсон Фјури соопшти дека ќе има три борби до крајот на годината, по што ќе ја заврши својата кариера.

Следната борба Фјури ќе ја има на 15 јуни против германскиот боксер Том Шварц . Британецот тврди дека датумот на следната битка е 28 септември.

– Ми остануваат уште три борби, а потоа одамна заслужен одмор, соопшти Фјури.

За мечот со Шварц кажа дека очекува тешка борба.

Ова е борба против опасен гладен лав кој се подготвува да ме нокаутира. Тој има 16 нокаути во 24 меча. Значи дека е добар боксер. Воопшто нема лоши противници во боксот. И ако дозволите потценување, тоа може скапо да ве чини, нагласи Фјури.
Британецот во својата професионална кариера има 28 борби на кои 27 пати победил и само еднаш загубил.

Шварц има 24 борби и сите ги добил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја