Фјури: Целиот свет виде дека јас го освоив мечот

Од:

Тајсон Фјури се врати на одличен начин меѓу големите боксери. Откако помина речиси три години надвор од рингот по победата над Владимир Кличко и многумина го отпишаа од спортот, тој се врати против едно од најголемите имиња во тешката категорија – Дионтеј Вајлдер.

Иако натпреварот заврши нерешено, Британецот е убеден дека тој требал да биде прогласен за победник. Фјури беше пратен на два пати во нокдаун, а вториот пат едвај стана на нозе, но тој, а и аналитичарите во светот, се на мислење дека победата требало да биде за него.

– Целиот свет знае, целиот свет виде дека морав да бидам прогласен за победник. Ова момче има страшни удари, но јас успеав да ги избегнам речиси сите. Се надевам дека ве направив сите горди од она што го видовте во оваа битка. Тој никогаш немаше да ме нокаутира, бидејќи јас играв со сето свое срце во рингот. Колку и пати да ме испратеше на подот, јас повторно ќе станев. Дојдов да победам оваа вечер, изјави Британецот по мечот.

Тој додаде дека сега само едно е сигурно – дека ќе има реванш.

– Двајцата со Вајлдер сме големи шампиони. Јас и ова момче тука сме двајцата најдобри боксери во тешка категорија на целата планета. Сега ќе си одам и ќе обрнам внимание на семејството бидејќи 10 недели јас бев далеку од нив, додаде Фјури по натпреварот.

Уште во рингот, по прогласувањето на судската одлука, тој упати предизвик против светскиот шампион во другите три верзии, Ентони Џошуа и го повика да се бори со него, ако навистина сака да биде сметан за најдобар во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја