Светската фудбалска федерација ФИФА официјално му одаде признание на најдобариот фудбалер на Светското првенство во Катар.
На официјалниот Твитер профил на ФИФА е објавено видео посветено на Лионел Меси каде се прикажани сите најважни моменти во неговата мундијалска кариера.
Насловен е: Gracias, Leo!
Меси стана првиот играч во историјата кој двапати бил прогласен за најдобар играч на Светските првенства. Првиот пат беше во 2014 година кога стигна до финалето со Аргентина и загуби од Германците (0:1) и сега кога е во Катар каде конечно ја освои титулата.
Аргентина во финалето ја победи Франција по изведувањето на пенали со 4:2. По 90 минути игра и две продолженија резултатот беше израмнет 3:3.
Извор: Топспорт