ФИБА го промовира логото за Евробаскет 2017

Од:

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го промовира логото на следното Европско првенство за мажи кое ќе се одржи во 2017 година.

Како што информираат од ФИБА, дизајнот на логото за шампионатот е инспирација од идејата дека кошарката е универзумот сам за себе, и дека во центарот на тој универзум е трофејот на Евробаскетот, со најсветлата ѕвезда Европа.

– Голема улога во концептот на изгледот на логото имаше и растојанието од север кон југ меѓу четири места (домаќини) на шампионатот: Финска (Хелсинки), Израел (Тел Авив), Романија (Клуж) и Турција (Истанбул ), сите со уникатни различни географски и културни традиции, кои секој од домаќините ги носат сами за себе на овој настан, појаснуваат од ФИБА.

Европското кошаркарско првенство во 2017 година ќе се одржи во периодот од 31 август до 17 септември, а летово ќе се играат квалификациите.

Македонската репрезентација за место на ЕП ќе се бори против селекциите на Велика Британија, Унгарија и Луксембург.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он