ФИБА ги укинува ноемврискиот и февруарскиот „прозорец“?

Од:

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) е подготвена да и понуди на Евролигата компромис и да се укинат квалификациските мечеви во текот на сезоната, па прозорците во ноември 2018 и февруари 2019 година бидат отстранети.

Ова значи дека ФИБА е подготвена да ги задоволи барањата на Евролигата, но и на репрезентациите кои сакаат во квалификациите да настапуваат со најсилните состави.

ФИБА предлага квалификациите да се играат во јули по завршувањето на сезоната, во август играчите да бидат слободни, а во септември да стартуваат подготовките за новата сезона.

Се уште не постои официјална потврда за откажување на квалификациите прозорци, но се шпекулира дека договорото е постигнат и дека наскоро ќе биде објавен.

За потсетување, со воведување квалификациски натпревари во текот на сезоната, во светот на кошарката се случија голема превирања. Повеќето репрезентации не можат да сметаат на играчите од Евролигата или НБА лигата поради згуснатиот распоред.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он