ФИБА Европа: Ниту една федерација повеќе не е под суспензија

Од:

ФИБА Европа објави дека ниту една федерација повеќе не е под суспензија. Оваа одлука ја донесе Бордот на ФИБА Европа на состанокот одржан во Даблин.

Раководното тело по прегледувањето на документите и извештаите донесе одлука да нема суспензија за националните репрезентации за време на Олимписките игри во Рио, како и за Европското првенство во 2017 година.

Суспензијата за неколку федерации меѓу кои и на Македонската кошаркарска федерација беше изречена пред околу еден месец откако клубови од националните шампионати застанаа на страната на Евролигата и АБА лигата. Покрај Македонија во меѓу „суспендираните“ федерации беа уште и федерациите на: Шпанија, Италија, Грција, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, БиХ, Литванија, Израел и Полска.

Македонската репрезентација летово ќе има настап во квалификациите за пласман на Европското првенство, а се наоѓа во група со Унгарија, Велика Британија и со Луксембург. Натпреварите ќе се играат од крајот на август до средината на септември.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он