ФФМ: Влезниците за натпреварите против Ерменија и Романија по цена од 300 денари

Од:

Влезниците за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација против Ерменија и Романија во Скопје, во рамки на мундијалските квалификации, ќе бидат пуштени во продажба по цена од 300 денари, соопшти попладнево ФФМ.

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа утврдени и цените на билетите за двата претстојни домашни натпревари на македонската репрезентација до 21 година и женската А-репрезентација.

Билетите за натпреварот од евроквалификациите на македонската репрезентација до 21 година против Србија, на 7 септември во Охрид, ќе чинат 150 денари, додека за дуелот на женската сениорска репрезентација против Австрија во Скопје во рамки на мундијалските квалификации влезниците ќе чинат 100 денари.

Капацитетите на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе бидат ограничени согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

Билетите ќе можат да се набават преку продажната мрежа на MkTickets, а влез на стадионите ќе биде дозволен само со потврда за примена најмалку една доза вакцина против коронавирус или сертификат за прележан Ковид-19 во период од 45 денови, сметајќи од денот на оздравувањето.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски