ФФМ учествува на 11. УЕФА тренерски семинар во Словачка

Од:

Претставници од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) учествуваат на 11. УЕФА тренерски семинар во главниот словачки град Братислава каде се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери.

„Создаваме иднина“ е слоганот на семинарот, а главната тема на дискусиите и предавањата е развојот на елитниот младински фудбал и посебно пилот проектите во Македонија, Грузија и Ерменија за националните академии.

Пред учесниците од сите 54 членки на УЕФА обраќање имаше и Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови на ФФМ и фудбалската академија.

– Овој тип на семинари е совршен начин за разговори и дискусии во однос на програмите кои се насочени кон развој на младинскиот фудбал. Имаме прилика да анализираме, споредуваме, да се надградуваме и на крајот да бидеме побогати со знаење, идеи и пријателства. Ја претставивме нашата работа со националната академија, проект на ФФМ и УЕФА и навистина сме среќни што многумина од претставниците на УЕФА ја препознаа како многу квалитетна и како проект кој ќе помогне да го изградиме нашето вистинско фудбалско семејство. Се што слушнавме и сработивме во Братислава ќе го искористиме во нашата понатамошна работа и се надевам дека со тоа ќе им бидеме од помош и на колегите во нашата земја и на клубовите, изјави Стратев за веб страната на ФФМ.

На тренерскиот семинар утре свое предавање ќе има Ларс Лагербек, тренерот на репрезентацијата на Исланд.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава