ФФМ го одржа редовното Генерално собрание

Од:

Фудбалската федерација на Македонија денес во Скопје го оддржа редовното Генерално собрание. Според одобрен здравствен протокол од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, ФФМ го организираше собранието на кое присутните делегати ја потврдија одлуката на Управниот одбор на федерацијата во однос на регионалната поставеност и промена на организацијата на Третите лиги и систем на натпревари.

– Новата регионална поставеност ќе се имплементира од сезоната 2020/2021 и вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи.

На Редовното Генерално Собрание е усвоен извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, потоа извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019. година.

Присутните делегати го усвоија ревизорскиот извештај за работата на ФФМ, завршната сметка на федерацијата и финансискиот план – буџет на Фудбалската федерација на Македонија, соопшти ФФМ.

Собранието на ФФМ даде согласност и го овласти Управниот одбор да утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурните проекти на начин што средствата предвидени за реализација на активностите за кои Управниот одбор ќе утврди дека не се реализирале ќе бидат релоцирани во новата буџетска позиција.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска