ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварите со Турција и со Шпанија

Од:

Утре започнува продажбата на влезници за натпреварите Македонија – Турција (5 јуни) и Македонија – Шпанија (11 јуни).

– Сите заинтересирани за присуство на овие натпревари ќе можат да купат билет преку продажната мрежа на „mktickets“ и на официјалниот штанд на ФФМ во „Skopje City Mall“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија.

Влезниците за пријателскиот натпревар Македонија – Турција ќе бидат по цена од 100, 200 и 400 денари. Натпреварот ќе се одигра в понеделник на 5 јуни започнува со почеток од 19:45 часот.

Двојно повеќе ќе чинат билетите за квалификацискиот дуел за СП 2018 меѓу Македонија и Шпанија закажан за 11 јуни во 20:45 часот. Цените во зависност од местото на Националната Арена се 200, 500 и 800 денари.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска