ФФМ донираше повеќе од 4.000 топки за младинските екипи

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донираше повеќе од четири илјади „ЈАКО“ фудбалски топки на екипите од Супер лига, Втора лига, Регионалните лиги (пионери и помлади пионери) и Регионални лиги (петлиња и помлади петлиња).

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 162 екипи кои се натпреваруваат во системот на ФФМ.

– Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалната кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина, истакна генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски